• петок, 12 јули 2024

Велешки спортски игри од 2 до 5 јуни

Велешки спортски игри од 2 до 5 јуни
Велес, 30 мај 2022 (МИА) - Велешки спортски игри – Атлантис инвест груп од 2 до 5 јуни годинава ќе се одржат во Градскиот парк во Велес, во организација на Евентиве ДОО, каде сите заинтересирани екипи ќе можат да си ги измерат силите во кошарка, тенис, мал фудбал и одбојка на песок. Повеќе информации околу игрите и пријавувањето може да најдете на нивната фан страна Спортски Игри – АИГ, информираат од Општина Велес. Службите на Општина Велес и ЈКП „Дервен“  заедно со организаторите веќе една недела  интензивно работат на подготовка на терените и опкружувањето во Градскиот парк со цел создавање на одлични услови за враќање на спортскиот дух во градот. -Велес станува поубаво место за живеење за сите генерации, посебно со враќање на постоечките како и нови спортски и културни манифестации, а чии подготовки се во тек, се вели во соопштението од Општина Велес. ад/аа/

Остани поврзан