Велешка „Питијада 2024“ од 11 до 13 октомври
- Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи од 11 до 13 октомври во Велес, информира градоначалникот на општина Велес Марко Колев.

Велес, 19 август 2024 (МИА) - Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи од 11 до 13 октомври во Велес, информира градоначалникот на општина Велес Марко Колев.
Тој појасни дека подготовките се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.
-Секој октомври сите патишта водат кон Велес на гурманска симфонија од вкусови, на највкусна велешка пита пастрмајлија и најдобри македонски вина, проследено со многу музика со настап на познати бендови и пејачи, најви Колев. ад/мд/