• вторник, 30 декември 2025

Ваљбон Лимани ги презентира клучните проекти за развој на Гостивар: нов мост и модерен булевар

Ваљбон Лимани ги презентира клучните проекти за развој на Гостивар: нов мост и модерен булевар

Гостивар, 30 декември 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Гостивар на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Валбон Лимани, на денешната прес-конференција на јавноста ѝ претстави дел од проектите за развој на градот. Тој во оваа прилика потсети ин на резултатите постигнати во текот на 16-те месеци од неговиот мандат како вд градоначалник.

Лимани посочи дека со работа, волја и интегритет може да се постигнат конкретни резултати, а неговата цел е да отвори ново поглавје за Гостивар, врз основа на проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.

- Еден од најважните проекти е изградба на нов мост преку реката Вардар, наречен „Мост на хармонијата“. Исто така значаен проект е трансформацијата на главниот булевар на Гостивар со четири функционални ленти, рече Лимани.

Тој појасни дека сите административни процедури за овој проект се завршени, додека работите ќе започнат напролет. Мостот ќе има четири ленти за возила, велосипедски патеки и пешачки тротоари, што, како што нагласи значајно ќе го подобри сообраќајот низ градот.

Во однос на проширувањето на булеварот, Лимани кажа дека е постигнат договор со сопственикот на објектот кој го спречуваше проширувањето на булеварот. Проширувањето од општинската зграда до мостот на Вардар ќе започне напролет и проектот е готов.

Лимани информираше дека во тек се и разговори со сопствениците на зградите во остатокот од булеварот и изрази оптимизам дека набрзо ќе биде постигнат договор. Кандидатот за градоначалник поддржан од НАИ нагласи дека неговиот пристап кон развојот е плански, правичен и инклузивен, со што секоја населба и село ќе бидат вклучени во процесот на трансформација.

- Со визија, работа и одговорност, ќе продолжиме да градиме посилен и помодерен Гостивар – со Гостивар во срце, рече Ваљбон Лимани.згм/са/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан