Ватикан: Папата и неговите соработници се негативни на коронавирус
- Резултатите од тестовите за коронавирус направени на папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни, соопшти Ватикан.

Ватикан, 28 март 2020 (МИА) - Резултатите од тестовите за коронавирус направени на папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни, соопшти Ватикан.
Во Ватикан се тестирани 170 лица, од кои шест се позитивни.
- Можам да потврдам дека ниту Светиот Отец ниту некој од неговите најблиски помошници не е меѓу нив, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. паг/