• понеделник, 23 декември 2024

Ватикан – недостиг на свештеници, укинување на ценовниците и повеќе верници во црквите и покрај ковид

Ватикан – недостиг на свештеници, укинување на ценовниците и повеќе верници во црквите и покрај ковид
25 Јули 2020 РТС Ватикан нема доволен број свештеници, па затоа е одлучено верниците лаици да можат да слават крштевки, погреби и свадби. Ова се смета за исклучок во овој период кога нема доволно свештени лица. Имено, Ватикан вели дека „Бискупите можат да им доверат одредени должности на ѓаконите, на посветени лица и на верници лаици под раководство и одговорност на пасторот. Исто така е можно да се претседава и со ’Литургија на зборови‘ таму каде што не може да се слави миса поради недостиг на свештенство, додека на ниту еден начин не може да се одржи хомилија за време на славата Евхаристија“. Меѓу новитетите кои доаѓаат од Ватикан можно е пасторите во организациските активности да вклучат и луѓе кои не се крстени. Од друга страна, Ватикан сепак не дозволува лаици, без разлика дали се работи за групи или индивидуалци, да можат да станат пастори во тесен смисол на зборот. Таа улога секогаш ќе ја има свештеник, а доколку е невозможно тој да е достапен „фул тајм“ претседавањето со животот на парохијата ќе го има презвитер кој ќе координира со делегирањето на бискупите. Тоа е една од индикациите која на одреден начин става хипотека на одредени искуства која се во тек, особено во Германија. Предвидени се и пастори на одредено време. Нема повеќе верски ценовник Исто така, нема повеќе „ценовник“ за литургии и од верниците се бараат само слободни донации. До сега во одредени парохии постоеше еден вид ценовник за венчавки, миси и слично што од сега нема повеќе да биде можно. Мисата и сакраментите не можат да имаат цена која е потребно да се плати ниту некаква такса, невозможно е да се создава впечаток дека славењето сакраменти, посебно Пресвета Евхаристија и други настани мора да се плаќаат – се истакнува во документот од Ватикан во кој се додава дека пасторите мора да ги формираат верниците така што секој член на заедницата да се почувствува одговорен и директно вклучен во сите потреби на црквата. Да се победи стравот – да се зголеми бројот на верници во црквите на повеќе од 200 Да се победи стравот кој ја лимитира посетата на верниците на миси во време на коронавирус и „фаворизирање на учествување“ на литургии; да се надмине максималниот број од 200 места за ритуали внатре во црквата, повторно да се воведат прослави како што е причест, можност за враќање на хоровите, поддржување на заедничко учествување на семејства во епархиска евхаристија, да не се стопираат иницијативите за евангелизација и оние за младите – тоа е она што претседателството на Италијанската бискупска конференција (ЦЕИ) го бара од бискупите во Италија со оглед на тоа што од есен чекор по чекор треба да се вратат пасторалните активности. ЦЕИ му е благодарен на свештенството поради исклучително креативната достапност со која во овие тешки времиња, беа блиску до луѓето, а особено на младите и нивните семејства користејќи и дигитални средства. Тие потсетуваат дека стравот од зараза го лимитира присуството на луѓе на литургиите, на луѓето на кои им е потребно некој да ги сослуша во овој момент. Тие сметаат дека доделувањето на новото издание на Messale Romano ќе биде прилика да ѝ се помогне на христијанската заедница да го врати спознанието за литургијата, нејзината вредност и плодност во нашите животи. Тоа е трето издание во кое ќе биде сменета молитвата „Оче наш“ каде реченицата „не нè воведувај во искушение“ ќе биде заменета со реченицата „не нè напуштај во искушение“. Ова издание ќе биде достапно од септември, а задолжително во сите италијански парохии од 29. ноември. јт/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан