• четврток, 04 декември 2025

Васовски: Најважно е да бидеме трпеливи

Васовски: Најважно е да бидеме трпеливи

Скопје, 16.јули 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА ФК Силекс утре е домаќин на тимот на Дечиќ од Црна Гора во реванш дуелот од првата рунда. На првиот натпревар пред шест дена црногосркиот тим оствари победа од 2:0.

-    Имаме негативен резултат од првиот натпревар, но сметам дека можеме да се пласираме во следната рунда. Имаме и квалитетен тим, тоа го покажавме и во ланското првенство кога остваривме неколку победи од 3-4 разлика. Најважно е да бидеме трпеливи и така може да стигнеме до посакуваниот триумф. Ќе биде потребно добрo да играме на прекините, тоа е една од шансите за позитивен резултат, изјави тренерот на ФК Силекс Александар Васовски.

На првиот дуел во Тузи, Силекс поради исклучувањето на Мирчевски најголемиот дел од второто полувреме го играше со играч помалку.

- Не очекува тежок натпревар. Но, ние работевме напорно изминативе денови. Сметам дека сме подготвени и за 90 минути да стигнеме до посакуваната победа, истакна капитенот на ФК Силекс Дарко Ангелески.

Дуелот Силекс - Дечиќ се игра утре (четврток) со почеток во 19 часот на тренинг центарот на ФФМ Петар Милошевски.   мн/

Фото: Фејсбук ФК Силекс

Остани поврзан