Васината торта е еден од оние традиционални колачи што освојуваат со богат вкус и совршен спој на ореви, чоколада и арома од портокал. Идеална е за свечени пригоди, но и кога сакате да ги израдувате најблиските со нешто навистина посебно.
Состојки:
Кора:
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 1 лажица брашно
- 200 грама мелени ореви
Фил:
- 250 мл слатко млеко
- 3 лажици шеќер
- 300 грама мелени ореви
- 5 жолчки
- 5 лажици шеќер
- Сок и рендана кора од портокал
- 100 грама чоколадо за готвење
- 150 грама путер
- 6 лажици мелени бисквити
За декорација:
- Бела шлаг-крема
Подготовка:
Белките изматете ги со шеќерот со електричен миксер додека да добиете цврст снег. Потоа, рачно и внимателно додајте ги матените жолчки, брашното и мелените ореви. Нежно промешајте додека смесата не се изедначи.
Смесата истурете ја во округол калап обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 200°C, потоа намалете на 180°C и печете околу 20 минути (времето зависи од рерната). Проверете со чепкалка дали кората е печена.
Подготовка на филот:
Во тенџере ставете го млекото, 3 лажици шеќер и мелените ореви. Загрејте до вриење со постојано мешање, па тргнете од оган и оставете да се излади.
Посебно изматете ги жолчките со 5 лажици шеќер, па соединете ги со изладената смеса од ореви и млеко. Додајте го путерот, околу 250 мл свежо исцеден сок од портокал (од 2 портокали), ренданата кора од портокал и растопеното чоколадо. Нежно промешајте додека филот не стане мазен и хомоген.
Со готовиот фил рамномерно премачкајте ја кората. Тортата ставете ја во фрижидер за да се стегне. Откако ќе се олади и зацврсти, извадете ја од калапот и премачкајте ја со бела шлаг-крема или шам од белки по желба. Уживајте во овој безвременски класичен десерт!
Фото: Фрипик