• петок, 05 декември 2025

Васев: Дали причина за обид за саботажа на акцијата се контактите на Мицкоски со еден од уапсените?

Васев: Дали причина за обид за саботажа на акцијата се контактите на Мицкоски со еден од уапсените?
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат цврсто на браникот на криминалот. Затоа за нив е несфатливо тоа што денес законите важат за сите подеднакво и дека нема заштитени поедници кои се над правдата. Пред неколку денови, Министерство за внатрешни работи јавно соопшти дека еден од приведените во полициската акција „Двојник“ имал контакти и бил во тесна врска токму со бранителот на криминалот Мицкоски. Мицкоски до ден денеска не одговори, дали имал таква соработка и кој е тој човек? Дали таквите контакти се причината поради која Мицкоски се обидуваше да ја загрози и саботира сложена полициска операција, јавно изнесувајќи детали додека акцијата траеше? Одговор на ова треба да даде независна, професионална истрага од надлежни инситуции. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не учат од лекциите и поразите. Ним треба да им стане јасно дека заврши времето на недопирливи, нема компромис со криминалот, дека секој што прекршил закон се соочува со одговорност. Стефан Васев од СДСМ Центар за комуникации со јавноста - СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан