• недела, 22 декември 2024

Вархеји: Огромна чест е повторно да бидам номиниран за член на Европската комисија

Вархеји: Огромна чест е повторно да бидам номиниран за член на Европската комисија

Будимпешта, 29 јули 2024 (МИА) - Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, денеска изјави дека огромна чест за него е што повторно е номиниран за унгарски член на Европската комисија и посочи дека се радува на продолжувањето на соработката со претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Огромна чест е да бидам номиниран и премиерот (на Унгарија, Виктор Орбан) да побара да продолжам да бидам унгарски член на Европската комисија. Со радуваме на продолжувањето на нашата заедничка работа со претседателката Фон дер Лајен“, наведе Вархеји на социјалната мрежа Икс.

Орбан претходно денеска соопшти дека Вархеји, по неодамнешните телефонски консултации со Фон дер Лајен, повторно е негов кандидат за ЕК. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан