• понеделник, 23 декември 2024

Вархеји: ЕУ поддржува целосна имплементација на заедничкиот пазар на Западен Балкан

Вархеји: ЕУ поддржува целосна имплементација на заедничкиот пазар на Западен Балкан

Брисел, 19 март 2024 (МИА) – Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска соопшти дека Европската унија го поддржува целосното спроведување на Заедничкиот пазар на Западен Балкан (ЦРМ).

- Се сретнав со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Зарацин, разговаравме за агендата на следниот Самит на Берлинскиот процес. Нашата цел е на преговарачка маса да разговараме за постепена интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ, напиша Вархеји на Х.

Тој додаде дека и со задоволство разменил мислења со британскиот амбасадор во Европската унија, Линдзи Еплби, за поддршката за Украина, Западен Балкан и ситуацијата во Газа. јт/

Фото: Х

Остани поврзан