• петок, 22 ноември 2024

Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец на домашен терен оваа сезона

Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец на домашен терен оваа сезона
Велес, 22 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, попладнево го победи Борец со 1:0. Стрелц на победничкиот гол за „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски во 33. минута. За велешани ова беше прв пораз на свој терен оваа сезона. Со новите три бода Вардар има 42 зголемувајќи ја разликата на 11 во однос на второпласираната Шкендија која утре против Силекс ќе го одигра својот натпревар од 20.коло. Борец остана на 20 бода за во моментов 8. место. Другите средби од 20.коло во ПМФЛ: Македонија ЃП – Академија Пандев Работнички – Шкупи Ренова – Струга Силекс – Шкендија. зс/

Остани поврзан