• петок, 05 декември 2025

Вардар за само пет дена по втор пат поразен од ПИК Сегед

Вардар за само пет дена по втор пат поразен од ПИК Сегед
Сегед, 18 февруари 2021 (МИА) – Ракометарите на Вардар вечерва се поразени на гостувањето кај ПИК Сегед со 34:33 во својот осми настап сезонава во Лигата на шампионите. Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, во два наврата имаше три голови предност, а на полувреме отиде со водство 19:17. Унгарскиот тим пресвртот го најави на самиот почеток на вториот дел со серија од 4:0 и водство со 21:19. Вардарци возвратија со два врзани погодоци изедначија со 21:21, но домаќините повторно влегоа во ритам и со шест последователни гола поведоа со 27:21. Оваа разлика се покажа како недостижна за избраниците на тренерот Стевче Алушовски кои до крајот успеаја да се изборат за чесен пораз. Голманот Кантегрел со 14 одбрани и крилото Чупиќ со девет погодоци беа најдобрите во составот на Вардар. По осум средби во А групата Вардар има шест порази и се наоѓа на последното (8.место) со три бода, додека ПИК Сегед е петти со 10 бода. зс/  

Остани поврзан