• сабота, 18 мај 2024

Вардар го победи Борец и се проби во горниот дел на табелата во ПМФЛ

Вардар го победи Борец и се проби во горниот дел на табелата во ПМФЛ
Велес, 21 ноември 2020 (МИА) – Во првиот натпревар од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево во Велес го совлада Борец со 2:0. Стрелци на головите беа Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски во последните десетина минути, откако домаќините не реализираа неколку убави шанси. Со оваа победа, Вардар стигна до 16 бода и се најде во првата половина на табелата. Другите натпревари од ова коло се играат утре. Двојките се: Академија Пандев – Пелистер Работнички – Македонија ЃП Шкендија – Шкупи Силекс – Беласица Струга Трим Лум – Ренова. Табела: Шкендија 25 бода, Шкупи 23, Македонија ЃП 22, Борец 19, Струга Трим Лум 16, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5. зс/

Остани поврзан