• сабота, 13 јули 2024

Вардар го доби Рајн Некар за противник во квалификациите за Лигата на Европа

Вардар го доби Рајн Некар за противник во квалификациите за Лигата на Европа

Виена, 18 јули 2023 (МИА) - Вардар немаше среќа во денешното извлекување на двојките за квалификациите за ракометната Лига на Европа. „Црвено-црните“ за противник го добија Рајн Некар Левен од Германија, најтешкиот можен ривал во ждрепката.

 

Вардар на првиот меч ќе биде домаќин (26 или 27 август), реваншот е една недела подоцна во Германија.

 

Вториот македонски претставник во машка конкуренција во квалификациите за евро-куповите, Тиквеш ќе се соочи со Фортоф Кремс од Австрија во ЕХФ Европскиот куп.

 

Во седиштето на ЕХФ беа извлечени и двојките во женска конкренција. Од македонските екипи: Ѓорче Петров ќе игра со Тиват (Црна Гора), Куманово со Херцегонбусе (Швајцарија), додека Чаир го доби Венло (Холандија).

 

Терминот за првите натпревари е 23/24 септември, реваншите по една недела. зс/

 

Фото: ЕХФ

Остани поврзан