• недела, 22 декември 2024

Варадкар: Орбан одлучи да не стави вето на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ

Варадкар: Орбан одлучи да не стави вето на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ

Брисел, 14 декември 2023 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан одлучи да не го искористи правото на вето на преговорите за пристапување на Украина во текот на денешниот самит на лидерите на Европската унија, изјави ирскиот премиер Лео Варадкар по состанокот.

„Премиерот Орбан многу силно ги изнесе своите аргументи. Тој не се согласува со оваа одлука и не го промени своето мислење, но во суштина одлучи да не го искористи правото на вето“, рече Варадкар.

Прашан за улогата на Орбан во текот на гласањето, Варадкар рече дека унгарскиот премиер не бил во салата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан