Ван Нистелрој ќе ја заврши сезоната, но Лестер потоа ќе бара нов тренер
- Руд ван Нистелрој оваа недела има закажан состанок со раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, но се очекува да остане на својата позиција до крајот на сезоната во Премиер лигата, пренесе Скај спортс. После тоа, сепак, иднината на Холанѓанецот е нејасна, бидејќи двете страни не се подготвени да соработуваат во Чемпионшип лигата.

Лестер, 22 април 2025 (МИА) - Руд ван Нистелрој оваа недела има закажан состанок со раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, но се очекува да остане на својата позиција до крајот на сезоната во Премиер лигата, пренесе Скај спортс. После тоа, сепак, иднината на Холанѓанецот е нејасна, бидејќи двете страни не се подготвени да соработуваат во Чемпионшип лигата.
Според Скај, Лестер има листа на кандидати за менаџерската позиција, а на неа водечки имиња се Ли Карсли, Дени Рол и Расел Мартин.
Лестер нема да сака да го пушти Ван Нистелрој на крајот на јуни бидејќи ќе се соочи со тешкотии со финансискиот фер-плеј. Тимот ги отплаќа и договорите на Стив Купер и неговите тројца помошници, кои добија отказ во ноември. Договорот на Ван Нистелрој е до 2027 година, а ќе му биде исплатено и обештетување.
Лестер испадна од Премиер лигата откако минатиот викенд загуби од Ливерпул со 0-1. „Лисиците“, шампиони од 2016 година, загубија 12 од последните 14 натпревари во сите натпреварувања, а легендарниот напаѓач на тимот, Џејми Варди ја опиша сезоната како „срамна“. дс
Фото: Архива