• недела, 22 декември 2024

Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим

Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим

Манчестер, 7 ноември 2024 (МИА) - Руд ван Нистелрој, кој е на клупата на Манчестер Јунајтед додека да дојде Рубен Аморим како менаџер, вели дека се уште не се слушнал со Португалецот.

Холанѓанецот истакна дека е фокусиран на задачите кои му претстојат.

-Ќе видиме што ќе биде со мене од сега па натаму, тешко е сега да се коментира, треба да разговараме. Во меѓувреме, најважни работи за клубот се секојдневните обврски, натпреварот од Лига Европа. Ги имаме шампионите на Грција кои доаѓаат на „Олд Трафорд“, втори се во првенството во моментов, така што сега чувствувам одговорност да завршам добра работа во наредните денови. Тоа е мојата работа, вели Ван Нистелрој.

Натпреварот меѓу Јунајтед и ПАОК е закажан за 21 часот, а „црвените ѓаволи“ трипати ремизираа во првите три кола. дс

Фото: Архива

Остани поврзан