• петок, 22 ноември 2024

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Ливерпул, 7 мај 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона. 

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан