• петок, 22 ноември 2024

Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника (ДПЛ)

Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника (ДПЛ)

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника во Скопје.

Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Стојка Нацева-Фуштиќ која од јануари заминува во пензија. 

Нацева-Фуштиќ беше назначена за директорка на 2 ноември 2022 година и функцијата директор на Детската клиника ја извршуваше досега. 

Цвејоска Чолаковска е доц. д-р сци. мед. супспецијалист педијатар пулмолог на Универзитетска Клиника за детски болести, Медицинскиот факултет-Скопје, родена во 1971 година во Прилеп. Медицински факултет во Скопје има завршено со средна оценка 9,44.

Во изјава за МИА, таа, меѓу другото, споделува дека на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје е од 2006 година, како педијатар на Одделот за пулмологија и алергологија. Магистерски студии на Медицинскиот факултет во Скопје има завршено во 2014 година, со просечен успех 9,87. Во 2023 година е избрана за доцент по предметот педијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје. 

Зад неа се бројни научни настапи и  трудови. Меѓу другото, учесник-истражувач е и во националниот проект „Улога на неонаталниот скрининг во превенција на респираторните секвели и нутритивните дефицити кај децата дијагнистицирани со цистична фиброза", одобрен од Министерството за здравство и започнат во 2018 година. Од јуни 2019 година е заменик-член во второстепена лекарска комисија за лекување во странство, реизбрана во 2021 година, а назначена од Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија. Во јуни 2023 година назначена е за член во првостепена лекарска комисија за лекување во странство, а назначена од Фондот за здравствено осигурување. 

Од 2022 година назначена е за в.д. раководител на Одделот за пулмологија и алергологија при Универзитетската клиника за детски болести, а од 2023 година за раководител на Одделот за пулмологија и алергеологија при Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај на здруженија во земјата, член е на Европската академија за алергологија и клиничка имунологија од 2001 година и на Европското респираторно здружение од 2001 година. 

Во 2013 година, добитник е на награда од Проектот - 100 најдобри доктори од Министерството за здравство. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан