• понеделник, 23 декември 2024

Вакцината на Модерна 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза

Вакцината на Модерна 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза
Њујорк, 6 август 2021 (МИА) - Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел изјави дека вакцината против коронавирус на компанијата е 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза. Во изјавата за тековните клинички испитувања, Бансел рече дека „варијантата Делта претставува нова закана и затоа треба да останеме будни“.

Како што пренесуваат странските агенции, се смета дека сите три вакцини против Ковид -19 на американскиот пазар нудат заштита од позаразната варијанта Делта. Во ретки случаи кога вакцинираните луѓе се инфицираат, нивните симптоми обично се благи или ги нема.

Бансел рече дека компанијата работи на зајакнувачка вакцина што треба да се дава еднаш годишно за заштита од Ковид-19 и сезонски грип.

- Во клиничките испитувања, овие вакцини покажаа стабилни реакции на антитела на варијантите на Ковид-19, додаде тој. паг/

Остани поврзан