• четврток, 16 април 2026

Вадефул: САД и Иран планираат директна средба

Вадефул: САД и Иран планираат директна средба

Берлин, 27 март 2026 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска изјави дека САД и Иран одржале индиректни разговори и дека претставници од двете страни планираат наскоро да се сретнат во Пакистан.

„Според информациите што ги имам, имало индиректни контакти и се направени подготовки за директна средба“, која би можела наскоро да се одржи во Пакистан, изјави Вадефул.

Според него, се чини дека почетните позиции на Вашингтон и Техеран веќе се разменети писмено преку посредници, објави списанието „Дер Шпигел“.

„Ова е позитивен знак“, коментираше Вадефул и ја нагласи важноста на самиот факт што двете страни во конфликтот разговараат. мс/ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан