Буфон по 7339 повторно играше за Парма
- Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, учествуваше на вчерашниот пријателскиот натпревар на Парма против Бохум. Тој играше за Парма, прв пат по 7339 дена, пренесува „Фудбал Италија“

Бриксен, 22 јули 2021 (МИА) – Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, учествуваше на вчерашниот пријателскиот натпревар на Парма против Бохум. Тој играше за Парма, прв пат по 7339 дена, пренесува „Фудбал Италија“.
Парма загуби со 0:1, а Буфон го одигра првото полувреме, по што беше заменет. Единствениот гол беше постигнат во второто полувреме.
Во 2001 година, Буфон се пресели од Парма во Јувентус. Четириесет и тригодишниот голман се врати во Парма ова лето. зс/