• недела, 22 декември 2024

Букеле го почна вториот претседателски мандат во Ел Салвадор

Букеле го почна вториот претседателски мандат во Ел Салвадор

Сан Салвадор, 1 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, денеска ја презеде функцијата за вториот свој претседателски  мандат, ветувајќи дека ќе ги излечи „болестите“ на оваа централноамериканска земја со препишување на својот лек за поправање на економијата, по успешното лекување за „ракот со бандите“ во текот на првите пет години на оваа позиција.

  -Салвадорското општество е сè уште болно, но веќе нема рак. Сега, кога го решивме најитното нешто, а тоа е безбедноста, ќе се фокусираме на важните проблеми, почнувајќи од економијата, им соопшти Букеле на насобраните од балконот на Националната палата во главниот град Сан Салвадор.

Ракот се однесуваше на криминалните банди кои некогаш ја направија оваа земја една од најсмртоносните во светот, но беа ставени под контрола преку масовни апсења за време на неговото водство.

Денешната церемонија на полагање заклетва беше одржана во услови на загриженост за безбедноста, откако полицијата соопшти дека спречила закана за бомба.

Британските медиуми пренесуваат дека седум лица се уапсени за заговор за активирање експлозив на локации низ земјата, соопшти полицијата во четвртокот, додавајќи дека осомничените биле дел од таканаречената салвадорска бунтовничка бригада.

  Меѓу присутните на церемонијата беа и аргентинскиот претседател Хавиер Милај и Доналд Трамп Јуниор, син на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во петокот пристигна во Ел Салвадор.

Букеле, кој има палестинско потекло, беше реизбран во февруари на крајот на успешниот прв мандат во кој ја зголеми безбедноста во земјата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан