• понеделник, 18 ноември 2024

Бугарското Министерство за здравство размислува да забрани извоз на лекови

Бугарското Министерство за здравство размислува да забрани извоз на лекови

Софија, 6 јануари 2023 (МИА) – Во Министерството за здравство се разговараше за воведување целосна забрана за извоз на лекови од Бугарија, но тоа не е законски, бидејќи според европските конвенции забрана може да се воведе само во вонредна епидемиолошка состојба, изјави денеска технички министер за здравство на Бугарија Асен Меџидиев.

– Доколку некоја земја воведе таква забрана, ќе има уште поголем недостиг, затоа апелираме до Европската комисија за заедничка акција, истакна Меџидиев.

Според него, во Бугарија во моментот најзабележителен недостигот од антибиотици, антипиретици и антихипертензивни лекови.

Меџидиев додаде дека недостиг на такви лекови има во 25 држави од ЕУ „бидејќи голем дел од супстанциите што се користат за производство доаѓаат од Кина и Индија, и од таму има недостиг“. ми/

Остани поврзан