• среда, 10 јули 2024

Бугарскиот амбасадор Ангелов во посета на МИА

Бугарскиот амбасадор Ангелов во посета на МИА
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) - Амбасадорот на Република Бугарија во земјава Ангел Ангелов денеска ја посети Медиумската информативна агенција – МИА. На средба со директорот на МИА, Драган Антоновски амбасадорот Ангелов беше запознат со работата и начинот на функционирањето на Агенцијата. Во разговорот меѓу Ангелов и Антоновски стана збор и за зајакнување и продлабочување на соработката. сп/

Остани поврзан