• понеделник, 23 декември 2024

Бугарска фирма ќе ја затвора дивата депонија кај Сува река

Бугарска фирма ќе ја затвора дивата депонија кај Сува река
Гевгелија, 4 јуни 2021 (МИА) - Бугарска фирма од главниот град Софија, е избрана како најповолен понудувач за реализација на проектот за затворање на дивата депонија кај Сува река во Гевгелија, за што веќе е потпишан и договор со ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија. Најавено е дека наредниве денови ќе стартуваат и работите за отстранување на депонираниот комунален отпад со воведување на изведувачот во проектните активности. - Проектот предвидува изведбените работи да почнат со изградба на уште еден потпорен ѕид од северната страна на Сува река и резервоар за собирање исцедок, по што ќе следува третирање на отпадот и негово покривање со специјална покривка од геотекстил врз која ќе се постави тампон од песок и земја, велат од комуналното претпријатие во Гевгелија. Последната фаза од проектот опфаќа уредување на целиот простор со хортикултурни активности и засадувања на зелени појаси. Проектот ќе се реализира со 420.000 евра кои беа доделени од владата на Република Грција, а останаа по изградбата на Пречистителната станица во Гевгелија и сега ќе бидат искористени за ревитализација на дивата депонија кај Сува река. им/аа/

Остани поврзан