• петок, 22 ноември 2024

Бугарија/Избори: Маја Манолова - Луѓето сакаат формирање влада во Бугарија

Бугарија/Избори: Маја Манолова - Луѓето сакаат формирање влада во Бугарија
Софија, 11 јули 2021 (МИА) -  Протестните партии во Бугарија ја зголемуваат поддршката. Благодарност до луѓето кои и покрај летната сезона излегоа и гласаа, изјави лидерот на бугарската политичка партија на „Исправи се! Мафијата надвор“, Маја Манолова, по завршувањето на изборниот ден. Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа додаде дека е време политичарите да го надминат своето его и да преземат одговорност со формирање влада. Манолова објасни дека очекувањата на луѓето се владата да ги реши нивните проблеми што побрзо, а партиите да не се занимаваат со самите себе, туку со агендата на општеството. - Кога ќе започнат разговорите за поддршка, тие ќе се одржат јавнобез задкулицни зделки, додаде таа. Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, коментира дека во бугарскиот политички простор се случуваат длабоки промени откако неговата партија е чекор пред поместување на на Бугарската социјалистичка партија од третото место. Тој коментираше дека сега треба да се формира влада на Бугарија. нк/

Остани поврзан