• понеделник, 23 декември 2024

Бројот на загинати проирански борци во израелскиот напад во Алепо се искачи на 16

Бројот на загинати проирански борци во израелскиот напад во Алепо се искачи на 16

Алепо, 3 јуни 2024 (МИА) - Бројот на загинати во наводниот израелски воздушен напад насочен кон проирански милиции во северна Сирија се искачи на 16, јави ДПА.

Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи некои од ранетите се во критична состојба.

Нападот по полноќ беше насочен кон фабрика и складиште за оружје на проиранските милиции меѓу градовите Хајан и Тамура во северниот дел на Алепо, соопшти набљудувачката група.

Нападот бил во близина на контролните пунктови на руските сили и сириската армија, кои исто така се наоѓаат во близина на целните локации.

Израелската војска не коментираше.

Во меѓувреме, израелскиот систем за противвоздушна одбрана пресретна ракета земја-земја истрелана кон јужниот пристанишен град Еилат.

Израелските одбранбени сили соопштија дека сирените се огласиле во Еилат, но нема информации за жртви. Ракетата дојде од Црвеното Море, додаваат од таму.

Весникот „Тајмс оф Израел“ вели дека нападот најверојатно е дело на јеменските Хути, кои се сојузници со Иран и либанскиот Хезболах. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан