Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
- Потврдено е дека се загинати 120 лица, а само две лица - и двајцата од екипажот - се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

Сеул, 29 декември 2024 (МИА) - Потврдено е дека се загинати 120 лица, а само две лица - и двајцата од екипажот - се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.
„Досега двајца се спасени, 120 потврдено е дека се загинати“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.
Во авионот имало 181 лице - 175 патници и шест членови на екипажот.
Авионот е „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) и летал од Бангкок. зш/
Фото: ЕПА