• четврток, 04 декември 2025

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146

Хонг Конг, 30 ноември 2025 (МИА) – Бројот на жртви од разорниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг минатата недела повторно драстично се зголеми.

Локалните медиуми, повикувајќи се на податоци на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128.

Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат опожарените станбени кули, а Шук-јин Цанг, раководител на полициската единица за идентификација на жртви, рече дека околу 100 лица сè уште се водат за исчезнати.

Пожарот се прошири низ седум од осумте кули и целосно беше изгаснат дури во петок наутро. Полициските екипи досега успеале да ги пребараат четирите најтешко погодени згради, а потрагата по жртвите сè уште е во тек.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан