• петок, 22 ноември 2024

Бронзен медал за Павлов на Премиер лигата во Истанбул

Бронзен медал за Павлов на Премиер лигата во Истанбул
Истанбул, 14 март 2021 (МИА) – Македонскиот каратист Емил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4:1. Претходно на патот до меч за бронзата, завчера Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3:0, Афеф Гаит од Јордан со 3:2 а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8:3 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен со 2:5 од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев. - Оваа победа и освоениот бронзен медал за нашиот најдобар каратист се голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство во Пореч и квалификацискиот турнир во Париз, во борба за олимписка норма за ЛОИ во Токио. Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија- 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи во категорија - 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор Крстевски имаше две победи, како и Абдурахом Идризи во - 60 кг. Во кати, Пулексенија Јовановска оствари пласман на 13тото место. К1 Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето, а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји, соопштија од Карате федерацијата на Македонија. зс/

Остани поврзан