• понеделник, 23 декември 2024

Броење јаглехидрати, едукативни игри и активности за лица со дијабет денеска во Градскиот парк во Скопје 

Броење јаглехидрати, едукативни игри и активности за лица со дијабет денеска во Градскиот парк во Скопје 

Скопје, 26 мај 2024 (МИА) – Градење на дијабетес култура и подигнување на свесноста за тоа како живеат лицата со дијабет, како да им се помогне кога е потребно и како да бидат дел од нашата заедница на исто ниво како и сите други има за цел едукативен настан што под мотото „СЕ ЗА НАС – ЗА НАС“ ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Сојузот на здруженија на Дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „АЛЕГРИЈА“.

Настанот, како што најавуваат организаторите, е замислен како интерактивен собир на лица со дијабетес ТИП 1, особено млада популација до 25 години и преку комуникација да се потсети на основните постулати при секојдневното живеење со дијабетес.

Преку поставени штандови со корпи и обучени лица секој ќе може да се потсети колку јаглехидрати содржи секое овошје или зеленчук, низ едукативни игри и активности соодветни за лицата со дијабет младите лица ќе може да се едуцираат за тоа која активност како влијае на нивото на шеќерот и како да се направи соодветно регулацијата на истиот, а ќе има и специјално поставени штандови со глукомери и ленти за мерење на нивото на шеќер во крвта.

Дополнително, како што најавуваат, ќе се делат и флаери со информација за видовите на дијабетес ТИП 1 , ќе се дава едукација како да се препознаат истите, што е тоа инсулин, што се CGM апарати, а ќе се даваат и насоки и разговори за дестигматизирање на дијабетот и лицата со дијабет.

Настанот, како што информираат организаторите, е поддржан од средства финансиран од Global Found Tip 1. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан