• четврток, 07 ноември 2024

Брнз: Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес

Брнз: Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес
Скопје, 23 ноември 2020 (МИА) - Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во интервју за телевизија Телма. Според, Брнз, билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање. - Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот. Навистина е важно, и ние продолжуваме да комуницираме за ова во Бугарија и во Северна Македонија двете земји да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите, изјави Брнз. Американската амбасадорка, во интервјуто, ги повикува сите политички партии да се обединат околу двата клучни предизвици со кои се соочува земјата - борбата против Ковид-19 и спроведување на реформите за членство во ЕУ. - Прва работа што ја бараат граѓаните се решенија. Многу е лесно да се укаже на предизвиците, да се критикува, но она што е тешко, е да се работи заеднички на ефективни решенија. Се надеваме дека опозицијата, но и сите политички партии, сите организации ќе застанат зад овие две цели. Прво да се заштити нивното здравје и здравјето на граѓаните и второ да инвестираат во позитивна иднина која доаѓа со реформската агенда и напредокот на евро-атлантскиот пат, изјави Брнз во интервју за телевизија Телма. аа/нд/

Остани поврзан