• понеделник, 23 декември 2024

Британски научници смислија инхалатор против коронавирус

Британски научници смислија инхалатор против коронавирус
Лондон, 26 мај 2020 (МИА) - Истражувачи од британскиот универзитет во Саутемптон смислиле нов инхалатор кој треба да им помогне на луѓето заразени со коронавирус да се изборат со него во раните фази на болеста. Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога доаѓа вирусна инфекција, пренесува лондонски „Сан“. Интерферон бета, кој го зајакнува имунолошкиот систем, веќе се користи за лекување на мултиплекс склероза, а за време на студија во Хонг Конг, во комбинација со други лекови, се покажа можност за ублажување на симптомите на Ковид-19. Кога овој лек се вдишува, директно стигнува до белите дробови, каде помага против дејството  на коронавирусот, поради што научниците се надеваат дека треба да го спречи развојот на болеста до фатален исход. Тестирањето на инхалаторите во домашни услови започна денеска, а наскоро ќе заврши и тестирањето во кое учествуваат 100 болнички пациенти. Доколку овие испитувања се успешни, британската фармацевтска компанија „Синерџен“ оваа година ќе произведе милиони дози од овој лек, пренесува „Сан“. паг/  

Остани поврзан