• вторник, 05 ноември 2024

Британските лабуристи имаат 30 отсто поголема подршка од конзервативците

Британските лабуристи имаат 30 отсто поголема подршка од конзервативците

Лондон, 9 мај 2024 (МИА) - Британската опозициска Лабуристичка партија за 30 процентни поени ја зголеми предноста пред Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак, според анкетата на ЈуГов (YouGov) за весникот Тајмс.

Според истражувањето спроведено пред изборит, поддршка од 48 отсто имаат лабуристите, а владејачката партија 18 отсто. Ова е најлошиот резултат за Сунак откако стана премиер пред 18 месеци, пишува Тајмс.

Јазот меѓу двете партии е најголем од октомври 2022 година, кога поддршката за конзервативците се стопи по финансиските тешкотии предизвикани од мини-буџетот на претходничката на Сунак, Лиз Трус.

Ова е прва анкета спроведена по минатонеделните локални избори, на кои и ториевците забележаа лош резултат.

Општите избори во Обединетото Кралство треба да се одржат на крајот на годината. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан