• четврток, 04 јули 2024

Британските власти му дозволуваат на Абрамович да инвестира до 30 милиони фунти во Челзи

Британските власти му дозволуваат на Абрамович да инвестира до 30 милиони фунти во Челзи
Лондон, 24 март 2022 (МИА) - Владата на Велика Британија направи уште една промена на лиценцата за работа на Челзи, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на „Sky News“. Според изворот, промената би можела да ја доведе матичната компанија да инвестира до 30 милиони фунти во Челзи за да го одржи клубот да работи во услови на проблеми со готовина и ликвидност. Основач на лондонскиот клуб е „Fordstam Ltd“, кој е во сопственост на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. За потсетување, на 10 март, Велика Британија воведе санкции против Абрамович. Премиер лигата го отстрани Русинот од раководството на Челзи. Бизнисменот реши да го продаде клубот и го предаде управувањето на повереници на добротворна фондација. зс/

Остани поврзан