Британскиот амбасадор се врати во Техеран, по апсењето минатиот месец
- Британскиот амбасадор во Иран се врати во Техеран, објави Роб Макаир синоќа по шпекулациите дека можеби нема да се врати откако замина минатиот месец, по кратко апсење од страна на иранските
Техеран, 7 февруари 2020 (МИА) - Британскиот амбасадор во Иран се врати во Техеран, објави Роб Макаир синоќа по шпекулациите дека можеби нема да се врати откако замина минатиот месец, по кратко апсење од страна на иранските сили за безбедност.
- Неодамна се вратив од Лондон во Техеран. Ова беше важно патување, планирано пред некое време, изјави Макаир во видео обраќање на Инстаграм.
Тој рече дека по враќањето во Велика Британија се сретнал со министерот за надворешни работи и други високи претставници.
Макаир минатиот месец беше кратко приведен бидејќи присуствуваше на нелегалните демонстрации, што се случија во време кога јавноста беше лута поради иранското задоцнето признавање дека нивната војска го урнала украинскиот авион, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.
Иран дополнително призна дека авионот е соборен случајно.
Амбасадорот Макаире рече дека присуствувал на комеморацијата за жртвите од несреќата, а британската Влада неговото притворање го нарече „кршење на дипломатските конвенции“.
Иранското Министерството за надворешни работи го повика Макаир, кој е на таа функција од 2018 година, за да му упати забелешки поради инцидентот. паг/