• понеделник, 23 декември 2024

Британската полиција уапси четири лица поради упад на имотот на премиерот

Британската полиција уапси четири лица поради упад на имотот на премиерот

Лондон, 26 јуни 2024 (МИА) - Британската полиција соопшти дека вчера уапсила четири лица кои влегле во имотот на премиерот Риши Сунак на северот на Англија, инцидентот што се случи за време на  изборната кампања за парламентарните избори закажани за 4 јули.

„Во текот на денот уапсивме четири лица кои влегле на имотот на премиерот во неговата изборна единица (Северен Јоркшир)“, се вели во соопштението на локалната полиција.

Полицијата брзо реагирала, односно веднаш штом лицата влегле на имотот.

Приведени се луѓе на возраст од 20 до 52 години од различни градови во државата, кои „се уште се во притвор, а истрагата е во тек“, прецизира полицијата. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан