• петок, 22 ноември 2024

Британија ја напушта европската програма за размена на студенти „Еразмус“

Британија ја напушта европската програма за размена на студенти „Еразмус“
Лондон, 24 декември 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата земја ја напушта европската програма за размена на студенти - Еразмус, согласно договорот постигнат со ЕУ, наведувајќи ги како причина трошоците и новата програма која ќе ја замени. Нагласувајќи дека тоа била „тешка одлука“, Џонсон објасни дека, иако била „прекрасна работа“ да се угостат голем број европски студенти, таа програма за Велика Британија била „исклучително скапа“. Премиерот најави британска програма која ќе им овозможи студии на студентите на „најдобрите универзитети“ во светот, а не само во Европа. Програмата Еразмус, во која Велика Британија учествуваше од 1987 година, ќе и го отстапи местото на програмата наречена според британскиот математичар Алан Туринг. Европскиот преговарач Мишел Барние изрази жалење што Велика Британија го напушта Еразмус, барајќи од Владата во Лондон „брзо“ да ги објасни алетрнативните решенија. За европските студенти во Велика Британија, кои моментно се околу 150.000, уписот на британските универзитети во иднина ќе биде поскап и посложен. гт/

Остани поврзан