• петок, 22 ноември 2024

Британец освои 39 милиони фунти на лотаријата „Јуромилионс“

Британец освои 39 милиони фунти на лотаријата „Јуромилионс“
Лондон, 2 јануари 2021 (МИА) - Еден среќен добитник во Велика Британија освои џек пот на лотаријата „Јуромилионс“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти. Уште десет играчи освоија по еден милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер. - Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата „Јуромилионс“ во Обединетото Кралство, истакна Картер. Добитната комбинација ја сочинуваат броевите 16, 28, 32, 44 и 48, како и т.н. „среќни ѕвезди“ 1 и 9. гт/

Остани поврзан