Брера ја раскина соработката со тренерот Горазд Михаилов
- Горазд Михаилов повеќе не е тренер на струмичиот прволигаш Брера. Ова го соопштија попладнево од Клубот од каде информираа дека по четиримесечен ангажман договорно ја раскинува соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб.
Струмица, 4 јануари 2025 (МИА) - Горазд Михаилов повеќе не е тренер на струмичиот прволигаш Брера. Ова го соопштија попладнево од Клубот од каде информираа дека по четиримесечен ангажман договорно ја раскинува соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб.
- Со својот професионален пристап, кредибилитет и авторитет Михаилов успеа во изминатиот период да ја стабилизира играта на нашиот прв тим, но и да даде можност на десетина млади фудбалери од нашиот малдински погон да ја почуствуваат тежината и одговорноста во Првата лига. Горазд Михаилов заедно со Темелков, Атанасов, Коцев и Шопов беа главните мотиватори и стожери на сениорскиот состав во нашиот клуб, се наведува во соопштението на Брера.
Под водство на Михаилов сениорите во есенскиот дел, и покрај сите турбуленции, прокнижија четири победи и исто толку нерешени исходи и шест порази.
Михаилов дојде во Брера на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ од позицијата прв тренер. рт/зс/
Фото: ФК Брера