• вторник, 03 декември 2024

Брера Струмица одигра нерешено на дебито во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица одигра нерешено на дебито во младинската Лига на шампиони

 

Струмица, 17 септември 2024 (МИА) – Македонскиот младински фудбалски првак Академија Пандев Брера Струмица одигра попладнево нерешено 2-2 (0-1) против Сараево на домашен терен во својот дебитантски настап во Лигата на шампиони.

Во возбудлив натпревар со по два гола на двете страни, македонскиот шампион беше во резултатска негатива од 2-0, но потпомогнат од околу 600 навивачи на стадионот „Младост“ во Струмица, на крајот дојде со израмнување преку двојниот стрелец Мартин Ѓорѓиевски.

Гостите од Сараево дојдоа во водство во 37 минута со голот на Муамер Хамзиќ, а Харун Плочо го удвои водството во 69 минута од пенал.

Од тој момент Брера Струмица тргна со сите сили кон противничкиот гол и преку капитенот Ѓорѓиевски во 76 минута ја намали негативата, а истиот играч беше прецизен од белата точка во судиското продолжение за конечни 2-2.

Реваншот во Сараево на програмата е на 2 октомври, а поуспешниот тим во второто квалификациско коло во младинската Лига на шампиони ќе игра против израелскиот првак Макаби Петах Тиква. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан