Бред Биндер со гуми за суво победи на дождливата трка во Шпилберг
- Бред Биндер победи во австрискиот Мото ГП откако ризикуваше да не влезе во боксот за да го смени моторот кога во завршните кругови почна да врне силен дожд.

Шпилберг, 15 август 2021 (МИА) - Бред Биндер победи во австрискиот Мото ГП откако ризикуваше да не влезе во боксот за да го смени моторот кога во завршните кругови почна да врне силен дожд.
Овој потег на Биндер му заштеди доволно време кое го однесе до освојување на неговиот втор Мото ГП.
Италијанецот Франческо Бањаја заврши втор, со скоро 10 секунди заостанување, а Шпанецот Хорхе Мартин го комплетираше подиумот на третото место.
Следната трка е закажана за 29 август на патеката „Силверстоун“ и Големата награда на Британија. ар/бак/