Брајан Авиа со личен рекорд во скок во далечина
- Македонскиот репрезентативец во скок во далечина Брајан Авиа постави личен рекорд во скок во далечина
Тампере, 7.август 2025 (МИА) - Македонскиот репрезентативец во скок во далечина Брајан Авиа постави личен рекорд во скок во далечина. Тој на денешниот натпревар на Европското првенство за атлетичари и атлетичарки до 20 години што се одржува во Тампере, Финска имаше скок со должина од 7 метри (втора серија). Со тој скок го освои деветтото место во групата Б или вкупно 18.место во конкуренција на 24 натпреварувачи.
Вториот македонски натпреварувач на шампионатот Марко Алексовски се појави на стартот од трката на 100 метри. Тој во втората квалификациска група го освои седмото место со резултат 11.09 секунди и во вкупниот пласман е 36-ти во конкуренција на 45 натпреварувачи.
Алексовски утре ќе трча и во квалификациите на 200 метри. мн/
Фото: Атлетска федерација на Македонија