• недела, 14 јули 2024

Браун: Растеме како што одминува сезоната

Браун: Растеме како што одминува сезоната
Бостон, 5 март 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун изјави дека тимот напредува како што одминува сезоната. Селтикс ноќеска го совладаа Торонто репторс со 132:125 за четврта победа во низа. Пред тоа, имаа сегмент од сезоната со девет порази на 14 средби. - Учиме и растеме како што се развива сезоната. Дефинитивно постигнавме напредок во различни аспекти. Ова е она кон што треба да се стремиме, истакна Браун. Бостон се искачи на 4. место во Источната конференција од НБА лигата со биланс 19 победи и 17 порази. зс/

Остани поврзан