• петок, 22 ноември 2024

Брамсен: Владата на Данска нема да коментира шпекулации

Брамсен: Владата на Данска нема да коментира шпекулации
Копенхаген, 31 мај 2021 (МИА) - Министеркатa за одбрана на Данска, Трине Брамсен денеска изјави дека Владата нема да ги коментира новинарските наводи за данските разузнавачки служби. - Владата на Данска нема да ги коментира шпекулациите во медиумите за нашите разузнавачки служби. Позицијата на данската Влада е јасна - систематските напади врз наши блиски сојузници се неприфатливи. Ова е утврден принцип следен од данските власти, истакна Брахен. Германскиот весник Зидојче цајтунг вчера објави дека Националната агенција за безбедност (НСА) на САД, со помош на Данска, шпионирала голем број европски политичари во периодот од 2012 до 2014 година, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел, министерот за надворешни работи (и сегашен германски претседател) Франк Валтер Штајнмаер. Меѓу прислушуваните политичари имало и претставници од Шведска. Весникот наведува дека данската Влада во 2015 година била информирана за соработката со САД. На властите им бил даден посебен таен извештај објавен од поранешниот вработен во НСА, Едвард Сноуден. Тој посочува дека данските разузнавачки служби им помагаат на САД да ги шпионираат водечките политичари во Шведска, Норвешка, Холандија, Франција и во Германија. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан