• четврток, 21 ноември 2024

Бочварски: СДСМ како одговорна партија ќе ја поддржи изградбата на стратешките проекти

Бочварски: СДСМ како одговорна партија ќе ја поддржи изградбата на стратешките проекти

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - СДСМ како одговорна политичка партија и кога ја предводи владата, но и кога е во опозиција силно ќе ја поддржи изградбата на стратешките проекти од национално значење. Само така ќе ја развиеме економијата преку зголемувањето на економската активност ќе ги развиеме планските региони, ќе го развиеме туризмот во нашите туристички центри, ќе ги намалиме сообраќајните незгоди и гужвите и метежот по македонските патишта. Тоа го истакна на денешната прес-конференција во СДСМ Благој Бочварски.

Според него, она што го говорела ВМРО - ДПМНЕ како опозиција, по само четири месеци од владеењето станало јасно дека биле празни флоускули, гола критика и желба по секоја цена да се оцрни тогашната власт. 

- Ниту бил непотребен, ниту бил криминален проект, проектот за изградба на 110 километри автопати. Дел од нив и по најтешките планински предели во државата, е проект кој се реализира во соработка со нашиот стратешки партнер САД, рече Бочварски.

Како политичка партија остануваат на тврдењето дека новиот модел на градење е побрз поефикасен и побргу ги дава резултатите на терен.

- Додека Владата на СДСМ ги поставуваше темелите на најголемиот инфраструктурен проект во независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ неосновано напаѓаше, критикуваше, обвинуваше, блокираше закони во Собранието, се со цел да го забави инфраструктурниот раст и развој на државата. Денеска конечно ја разбраа суштината на она кое со месеци го говориме дека брзата изградба на европските коридори е возможна само доколку се работи според модифициран фидик во фазна градба со силен изведувач, кој паралелно ќе проектира и ќе гради на терен, нагласи Бочварски. 

Како илустрација појасни дека ако проектот за изградба на Коридорот 8 го започнеле по старата метода на црвен фидик во 2023 година, реалните градежни работи на терен немало да се случат пред 2026 година. 

- За разлика од стариот модел, со новиот модел на фазно проектирање и градење овој проект е почнат во првиот квартал на 2023 година, а веќе кон крајот на 23 имаше активности на терен кои продолжуваат се до завршување и до конечна реализација на овој многу значаен проект за државата, рече Бочварски.

Овој проект, според него, ќе биде мотор на економијата преку него ќе се темели и растот на економијата, вклучување на 90 проценти домашни изведувачи и добавувачи. Ангажирање на домашни работници и инженери и секако партнерска работа на домашната градежна оператива со една од најсилните светски градежни компании од која може многу да научиме како градежен сектор.

- Би сакал да истакнам дека во 2023 година како држава ја потпишавме спогодбата со Европската унија за вклучување на Коридорот 8 на мапата на главните европски коридори. Претходно Коридорот 10 беше вклучен на мапата на главните коридори, но од 2023 година низ Македонија поминуваат два главни европски коридори, истакна Бочварски на прес-конференцијата

Со тоа, нагласи, Македонија како мала централно поставена држава на Балканот е земја во која се вкрстуваат двата европски коридори, што е огромна предност, која не смееме да ја пропуштиме. Затоа, подвлече Бочварски, денес и во идните години нашиот врвен интерес треба да биде завршување на изграбата на автопатските, железничките и енергетските коридори. сс/лв/

Фото МИА

 

 

 

 

Остани поврзан