• понеделник, 23 декември 2024

Бочварски: Го развиваме дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран

Бочварски: Го развиваме дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на дојранскиот регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран. Министерот Бочварски остварил средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кој го потпишале договорот за реконструкција на три локални патишта во Дојран, за чија инвестиција обезбедени се средства од централната власт преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта. - Денеска заедно со градоначалникот Ангов го потпишавме договорот за реконструкција на три локални патишта кои општина Дојран ги означи како приоритетни и тоа во населените места Црничани, Николиќ и Фурка. Преку Министерството за транспорт и врски за овие 3 локални патишта обезбедивме речиси 26 милиони денари. Постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да започне со градежни активности во секој момент. Го развиваме Дојран и околината, го подобруваме квалитетот за живот на граѓаните, но најважно од се го подобруваме и туристичкиот потенцијал на целиот регион, изјавил министерот Бочварски, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на Дојран, Ангов нагласил дека е од големо значење средствата и поддршката што ја добиваат од централната власт. - Ние и во претходниот период работевме на неколку места во Дојран, реализиравме проекти со средства од Владата. Сакам да потенцирам дека поддршката продолжува, соработката со Министерството за транспорт и врски е одлична, така ќе биде и во целиот нареден период, бидејќи само така заеднички можеме да постигнеме повеќе за нашите граѓани и за Дојран, изјавил градоначалникот Ангов. Во рамки на посетата министерот Бочварски и градоначалникот Ангов извршиле увид и во реконструкција на водоводниот систем во населеното место Фурка. цр/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан