• недела, 22 декември 2024

Бочварски: Активирана електронска и бесконтактна наплата и на првата патарина од Коридор 8

Бочварски: Активирана електронска и бесконтактна наплата и на првата патарина од Коридор 8

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информира дека е активирана електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) и на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, автопат Скопје – Тетово и најави воведување на системот и на втората патарина на автопатот Скопје - Тетово.

Ова, посочува Бочварски, се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Северна Македонија и Србија.

- Граѓаните, возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат - рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски. М-Таг и М-Кард може да се набават на наплатните станици на ЈПДП.
Најавувам соработка и со Грција, со што во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција, објави на својот Фејсбук профил Бочварски. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан