• сабота, 22 јуни 2024

Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде Адејеми во летниот преоден рок

Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде Адејеми во летниот преоден рок

Дортмунд, 29 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми може да го напушти тимот претстојното лето.

Според „Sky Deutschland“, управата на бундеслигашот ја разгледува можноста да го продаде 22-годишниот Германец и е подготвена да ги слушне понудите. Во моментов напаѓачот е во сферата на интерес на неколку клубови од Премиер лигата.

Адејеми игра за Борусија Дортмунд од јули 2022 година. Во сезоната 2023/24, тој забележа 33 настапи во сите натпреварувања, постигна пет гола и две асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 28 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан